Судскиот совет ги усвои Методологија за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиското работење и Образец за оценување и бодување на исполнетост на квалитативните критериуми за работата на судијата, како и Методологијата за квалитативно оценување на претседателите на судовите и Образецот за квалитативно оценување на претседатели на судовите.
Како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, на седницата одржана на 18-ти декември, усвоени се и Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, Програма за работа на Судскиот совет за 2021 година, како и Интерниот план за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за период од 01.01.2021 додина до 31.12.2021 година.
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција промовирајќи ги 10-те приоритети на Владата за следната 2021 година, наречени „Акција 21“, како прв на листата го посочи прочистувањето на правосудството.