Судската администрација утре ќе го заврши едномесечниот штрај со протест пред Министерството за првда. Тие ќе побараат средба со министерот, а доколку тоа не се случи ќе бараат негова оставка.
Очекуваме утре конечно министерот да најде време и да се состане со претставниците на работниците. Убедуваме дека нашите барање се едноставни и брзо решливи, но за тоа ни треба дијалог со министерот кој упорно тврди дека има многу поважни работи од разговор за проблемите на работниците. Доколку министерот и утре одбие да поразговара за проблемите на овие работници, ние ќе му дадеме „црвен картон“ и ќе побараме негова оставка, рече претседателот на Синдикатот на управата правосудните органи и заедниците (УПОЗ), Пецо Грујовски.
Синдикатот бара промена на два члена од Законот за судски службеници со кои се изедначуваат со платите и правата со останатите вработени во судовите.