Судските и правосудните работници во земјава во среда ќе започнат тридневен целодневен штрајк, а во петок тие ќе протестираат пред Собранието, Министерството за правда и пред Владата на Македонија. Од нивниот синдикат соопштија дека преговорите со Министерството за правда завршиле неуспешно.
-Бидејќи предлог-текстот од средбите со надлежните беше подготвен и доставен до Правда, очекувавме некакви резултати. Но, тие игнорантски се однесуваа кон организаторите на штрајкот и не добивме никаков повратен одговор. Затоа се договоривме да организираме тридневен штрајк кој ќе започне в среда и ќе трае до петок – изјави на денешната прес конференција Борче Мирчевски, претседател на Здружението на судската администрација на Република Македонија.
Верица Тасева, потпретседателка на Синдикатот на УПОЗ, истакна дека штрајкот е договорен како резултат на општото и континуирано незадоволство на судските службеници и другите вработени во судовите.