Судовите одбија да се изјаснат дали Талески смее да е градоначалник од притвор

by fokus

И Апелацискиот суд Скопје се прогласи за ненадлежен да даде мислење за тоа дали битолскиот градоначалник, Владимир Талески, од куќен притвор смееда раководи со Општината и да потпишува службени документи.

Ваков одговор испратил судот до советничката во Општина Битола, од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, која побара мислења за работењето на Талески.

Претходно ист одговор доби и од Основниот суд, од каде рекоа дека знаат што значи мерката притвор, но не биле надлежни да го толкуваат законот. Од судот порачаа дека на прашањето дали Талески смее да потпишува службени документи и да комуницира со вработени во Општината додека е во притвор треба да одговори Собранието.

Советничката Илиевска неодамна поднесе барања до Основниот суд, Апелацијата и до Специјалното јавно обвинителство да оценат дали Талески смее да е градоначалник од куќен притвор.

Битолскиот градоначалик веќе трет месец е во куќен притвор, за случајот „Транспортер” во кој е осомничен дека преку коруптивни тендери со школскиот прибор ја оштетил општината за 360 илјади евра.

Поврзани новости