СДСМ: Груевски очајнички го врти вниманието кон меѓуетнички прашања

by fokus 21:03
21:03

Откако Илија Димовски ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини опозицијата дека планирала да воведе двојазичност на целата територија на Република Македонија, со реакција се огласија од СДСМ.

-Во единствена граѓанска Македонија нема место за очајните обиди на обвинетиот Никола Груевски да го пренасочи вниманието кон меѓуетнички прашања.Прашањето за употребата на јазиците е дефинирано со Уставот и законите на Република Македонија!

Токму Никола Груевски заради тендер коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, се испазари со Али Ахмети, го прекршија Уставот и воведа проширена употреба на Албанскиот јазик. Времето на поделбите по сите основи што ги прават Груевски и неговата власт заврши. СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права и обврски пред Уставот и законите – се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости