Судот во Солун ги разгледува документите на Владата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

by fokus

На рочиште затворено за јавноста денеска почна судењето во Солун за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски. Денеска судот треба да ги разгледа документите од македонската Влада, која побара екстрадиција на обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.

Грујевски и Бошковски се во притвор во затвор во близина на Солун. На 17-ти мај ќе продолжи судењето за лажните пасоши на Грујевски и Бошковски, со кои имале намера да пребегаат во Будимпешта.

Грујевски и Бошковски беа фатени со фалсификуваните пасоши на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун.

Поврзани новости