Судот во Москва му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершковиќ за два месеци

by Fokus

Судот во Москва му го продолжи притворот за два месеци на Еван Гершкович, американски новинар на Волстрит журнал, кој беше уапсен на крајот на март 2023 година во Русија за „шпионажа“.

„Притворот на Еван Гершковиќ е продолжен за два месеци, до 30 март 2024 година“, соопшти прес-службата на судот објавена на Телеграм.

Рочиштето се одржа зад затворени врати.

Судот објави видео на кое се гледа како 32-годишниот новинар ја слуша одлуката што ја чита судијата. Гершковиќ ги отфрла обвинувањата против него.

На Гершковиќ му се заканува казна затвор од 20 години.

Поврзани новости