64
Судот во Москва на четворицата осомничени за нападот во трговскиот центар Крокус Сити Хол им одреди притвор до 22 мај.
Приведени се Мухамедсобир Фаиз, Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализоди и Шамсидин Фаридуни, кои на рочиштето ја признаа вината.
Руските медиуми вчера објавија дека Мирзоев и Рачабализода ја признале вината.
Тие четворица, како што претходно соопшти ФСБ на Русија, беа уапсени на 23 март, во близина на руската граница со Украина, и обвинети за тероризам.
Во терористичкиот напад извршен на 22 март во концертната сала Крокус Сити Хол, според последните податоци, загинале 137 лица, меѓу кои и три деца.
Повредени се 180 лица, од кои 142 лица се хоспитализирани.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.