Кривичниот суд не закажал рочиште за судскиот процес против поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и шестмина вработени во Управата, обвинети за палење на над 2 000 службени документи, од кои дел биле поврзани со прислушувањето.
Законскиот рок од еден месец помина, а датум за почеток на судењето, се уште не е одреден.
Од Судот за СДК.мк изјавија дека рочиште ќе биде закажано наскоро, но не прецизираат точен датум. Велат дека постапката се одложила, поради барањата на СЈО за изземање на судијаката од случајот, во опозициските бомби спомената како „сваровски судијката”.
-Првин СЈО поднесе барање за изземање, па претседателот на Основниот суд скопје 1 го одби. Потоа се жалеше до скопска апелација, жалбата беше одбиена. Тоа одзеде денови. Одлуката од Апелација се врати овде, деновиве ќе се закаже судскиот процес- рекоа од судот.