МИОА: Повикот до административците за пријавување притисоци е незаконски

by fokus 18:30
18:30

Од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), се огласија со реакција на денешната прес конференција на дополнителниот заменик-министер Александар Кицаровски , кој презентираше проект „Пријави притисок за фер избори”, охрабрувајќи ја администрацијата да пријави изборни уцени.

-Повикувањето на вработените во јавниот сектор од страна на дополнителниот заменик министер на негова приватна веб страница www.dzm-mioa.mk регистрирана на неговата домашна адреса, како и преку дистрибуција на флаери и промотивен материјал кој не е подготвен, одобрен ниту финансиран од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, да пријавуваат притисоци, заплашувања, повреда на слободата на определување и поткуп поврзани со изборниот процес, не е во согласност со ниту еден позитивен законски пропис во Република Македонија, вклучително и Законот за заштита на укажувачи и Законот за заштита на личните податоци – стои во реакцијата.

- Advertisements -

Од МИОА бараат дополнителниот заменик да одговори на прашањето со колкави средства и од кои извори е финансирано печатењето на флаерите и подготовката на неговата веб страна.

Поврзани новости