Од Основниот суд – Скопје 1 велат дека дополнително ќе одлучува по барањето на скопското обвинителство да ја одмзрне сметката на „Макпетрол“
„Ја информираме јавноста дека од страна на ЈО доставен е одговор на жалба против донесеното решение на судија на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, во кој одговор се предлага жалбата по однос на опстојувањето на изречената мерка – забрана за подигнување парични средства од сметките во повеќе банки, од обжаленото решение да биде уважена и решението на судијата на претходна постапка по однос на оваа точка да биде укинато. Судот по однос на наводите наведени во жалбата на „Макпетрол“ и по наводите во одговорот на жалбата на ОЈО, дополнително ќе одлучува при што сеуште не е донесена судска одлука дали сметката ќе биде одблокирана по повод жалбата“ стои во соопштението од Основниот суд.