Основниот суд Скопје 1 демантира дека Кривичниот совет ја прифатил жалбата на СЈО за претресот во домот на началникот на Петтата управа Горан Грујевски и ја оценил како законска.
Од судот велат дека советот има донесено решение за враќање на предметот кај судија на претходна постапка на повторно одлучување и дека тоа не значи оти доказите прибавени од претресот кај Грујевски ќе можат да бидат употребени во постапката.
Во истото соопштение , се додава и дека жалбите што ги поднесе СЈО за казните од 4 000 евра изречени за Катица Јанева и Фатиме Фетаи, и претставките против т.н „сваровски” судиите, биле притисок кон судот.
-Претставките што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги поднесе до Советот за утврдување на факти против судии од Основниот суд Скопје 1 се уште еден од низата притисоци и закани врз судиите да одлучуваат како што очекуваат и посакуваат од СЈО, независно од законските норми- се вели во реакцијата на Кривичниот суд.
Инаку, СЈО поднесе претставки за нестручно и несовесно работење на сваровски судијката Лидија Петровска, која го води процесот против ексначалникот на УБК Горан Грујовски, обвинет за нелегално палење на списи и докази за прислушување.
Јанева истовремено поднела и претставка за разрешување против судијката во претходна постапка Александра Поп-Стефанија, исто така, за кршење на Законот за кривична постапка, за нестручно, несовесно работење и за злоупотреба на функцијата.