386
Кривичниот совет на скопскиот Основен суд го одби барањето на Јавното обвинителство да му се одземе пасошот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“.
Воедно, судот одлучил да се укине и мерката според која Заев имаше обврска да се јавува во струмичкиот суд секоја недела.
Инаку, ново рочиште за случајот е закажано за 7-ми октомври, но се очекува предметот да го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.