Судот пресече, Касами останува на чело на БЕСА

by fokus

Претседател на Движење БЕСА, Биљал Касами и официјално останува на чело на партијата. Касами денеска информираше дека Основниот Суд Скопје 2 го отфрлил барањето на другото крило во БЕСА.

-И официјално нашиот легитимитет што ни го дадоа структурите на Движењето Беса. Движењето Беса е едно, а тоа сме ние. Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците – изјави Касами и ги повика сите, како што рече, манипулирани членови да се вратат до партијата каде им се отворени вратите.

-Исто така ги повикуваме сите медиуми, во иднина за време на сите јавни настапи поврзани со Движењето Беса, нашата адреса е тука, бидејќи нема и не може да има два политички субјекти Движење Беса, но има само еден, а тоа сме токму ние. По конгресот одржан на 24 февруари, го заокруживме процесот  на формирање на партиските органи и сме убедени дека  во иднина уште посилно ќе доминираме на политичката сцена, нудејќи се како политички субјект со јасна политичка визија, без хипотеки и со духот на една елита на млади интелектуалци кои веќе се идентитетот на движењето Беса – порача Касами.

Поврзани новости