Судот одби да им ги одземе пасошите на осомничените во „ТНТ“

by Фокус

Судијата на претходна постапка, откако ги сослуша четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување на мерка за обезбедување на присуство, привремено одземање патна исправа за преминување државна граница и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган.

За ваквата одлука, Специјалното јавно обвинителство има право да поднесе жалба до Судот во наредните 24 часа. Во случајот „ТНТ“ првоосмничена е градежна инспекторка од Гази Баба, а осомничени се и тројца членови на Комисијата за јавни набавки на општината, за кои СЈО тврди дека незаконски донеле одлука за рушење на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски.