Судот одби да ги замрзне сметките на „Финзи”, предлогот вратен кај СЈО

by fokus 18:37
18:37

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство, да ги замрзне сметките на фирмата „Финзи” , преку која одела набавката на опремата од странство за потребите на Петтата Управа, а со која биле проневерени над 826 илјади евра.

Од судот велат дека предлогот за замрнување на сметките на „Финзи”, како дел од случајот „Трезор” е вратен кај СЈО бидејќи бил некомлетен, односно не биле наведени трансакционите сметки и банките на фирмата.

- Advertisements -

Претходно, кривичниот суд го одби барањето на СЈО и за изрекување на мерка притвор за тогашниот началник на Петтата Управа Горан Груевски, а не се изјасни ниту за барањата да им изрече мерки на претпазливост и на останатите осомничени.

Судот го одби и барањето за изземање на судијката надлежна за овој случај, што СЈО го поднесе поради сомневање во нејзината непристрастност, затоа што постоел должнички однос на едно правно лице застапувано од нејзиниот девер Ненад Јосифович кон фирмата Финзи.

Од таму рекоа дека тоа било трето барање за изземање судија од страна на СЈО и го обвинија дека намерно ги одолговлекува постапките.

Поврзани новости