Кривични пријави за полицајците кои тепаа студенти

by fokus

Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе кривични пријави против полицијата која грубо упадна и насилно ги исфрли студентите од протестите на изборите за претседател на Студентскиот парламен во јуни годинава.

Кривична пријава е поднесена против раководни лица на Министерството за внатрешни работи и на припадници на Единицата за брзо распоредување.

Во пријавата се наведува дека протестот ескалирал кога пристигнале специјалните единици со оклопни возила, кои тргнале кон студентите што протестираа пред влезот на студентскиот дом. Полициските специјалци насилно влегле во просториите на студентскиот парламент и почнале да ги удираат студентите и да ги исфрлаат надвор.

Специјалните им го расчистуваа патот на неколку непознати лица кои ја грабнаа гласачката кутија и со трчање ја однесоа во просториите на СПУКМ, по негодувањата од студентите дека гласањето започнало без исполнување на потребните услови.

Поврзани новости