Кривичниот суд во Скопје не му дава копии од списите и од електронските докази на Специјалното јавно обвинителство бидејќи на тој начин би направил директна повреда на обврската за чување класифицирани информации. Ваква одлука донесе Кривичниот суд по однос на барањето на Специјалното обвинитество да му се достават копии од доказите.
Судијката Љубинка Башевска донела решение со кое се одбива предлогот на СЈО за добивање копии од списите, инофрмираат од Кривичниот суд.
-Ценејќи дека Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ја презело надлежноста врз конкретниот предмет , при што наведените списи и електронски докази не им биле доставени од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Судот утврди дека постојат законски пречки за доставување на копии од наведените списи и електронски докази бидејќи во случајов се работи за докази класифицирани најнапред како ‘државна тајна’, а потоа со декласификација се набележани со напомената ‘службена тајна’. Од друга страна, се работи за списи и електронски докази кои се сочинети од разни државни органи кои ги класифицирале како ‘државна тајна’, па Судот во никој случај не би можел да издава копии или преписи на овие класифицирани докази, особено без изречна дозвола и без одобрение од државните органите кои ги издале, се вели во образложението на одлуката.
Специјалното јавно обвинителство денеска побара одлужување на рочиштето за предметот „Пуч“, со барање да му бидат доставени копии од доказите.