Судијата на окружниот суд во Њујорк, Хуан Мерчан денеска издаде наредба со која на поранешниот американски претседател Доналд Трамп му забранува да дава јавни изјави за сведоци, обвинители, судски персонал и поротници поврзани со претстојното судење за прикривање на секс скандал.
„Несомнено е важно да постои непосредна опасност во овој случај“, рече Мерчан.
Претходно денеска Мерчан одлучи судењето на Трамп да започне на 15 април, откако ги отфрли обидите на адвокатите на Трамп дополнително да го одложат почетокот на постапката.
Мерчан не ги прифати аргументите на адвокатите на Трамп кои истакнаа дека одложувањето е неопходно поради новите документи кои беа откриени во истрагата, додавајќи дека новите документи не се релевантни за случајот.
Обвинителите во овој случај тврдат дека Трамп му наредил на својот поранешен адвокат Мајкл Коен тајно да и плати 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна сексуална афера во пресрет на претседателските избори во 2016 година, а потоа, тврдат тие, побарал од Коен да ги регисрира парите дадени на поранешната порно ѕвезда како правен трошок.
Трамп претходно се изјасни за невин по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги, пренесува Танјуг.