515
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување на мерка притвор за осомничениот Горан Грујевски, донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО за определување мерка притвор.
Наместо притвор, Судот одреди мерка на претпазливост одземање на патната исправа. Горан Грујевски, началник на Петтата управа, е првоосмничен во случајот Тврдина, кој го води Специјалното јавно обвинителство.