Управниот суд ја прифати жалбта на пензионираниот новинар и косопственик на дневниот весник „Слободен печат“, Градимир Јовановиќ и со тоа ја поништи одлуката на Комисијата за верификација на фактите според која тој бил соработник на тајните служби во времето на социјализмот.
-Судот констатира дека тужениот орган го повредил начелото на сослушување на странката предвидено во одредбите од членот 10 од Законот за општата управна постапка, со оглед да не му овозможил активно учество на тужителот во смисла на законската одредба од членот 31 став 3 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност која предвидува обврска на Комисијата да го извести лицето над кое се врши проверка за резултатите од спроведената проверка, од причина што не достави материјален доказ на ова околност, се вели во образложението на Управниот суд.
Претходно, Судот ја поништи и одлуката за лустрација на главната уредничка на Фокус, Јадранка Костова.