Минирани карпите кои беа опасност за Шипковица

by fokus 11:54
11:54

АРМ денеска со експлозив ги разби и отстрани четирите карпи кои претставуваа опасност за селото Шипковица. Овие карпи беа донесени над селото при минатогодишните поплави, кога водата донесе пет вакви карпи, секоја тешка по десетици тони.

Две од карпите се наоѓаа на патот кој води кон селата Бозовце и Вешала, а три беа веднаш над селото. Една од карпите беше разбиена рачно, а останатите со минирање.

-Големината на овие четири карпи е околу 300 метри кубни. Инженерскиот баталјон на АРМ избуши и во карпите постави 20 килограми експлозив. Првин ги разбивме двете карпи кои беа над патот кон Бозовце, а потоа ќе ги разбиеме и двете карпи над селото, изјави потполковник Илчо Заковски додека траеше акцијата.

Поврзани новости