Судот ја одбил гаранцијата, Зеќири доби нови 30 дена притвор

by Fokus

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири денеска добил решение за нови 30 дена притвор во затворот „Скопје“ во Шутка потврди неговиот адвокат Александар Трајковски за „Фокус“.

Трајковски тврди дека бил понуден и недвижен имот, како гаранција дека нема да се даде во бегство, но таа била одбиена од Кривичниот суд. Одлуката следува по истекот на првиот месец откако му е одредена мерката за обезбедување на
присуство.

Зеќири негирше  вина во предметот каде се гони дека склучил договор за консултантски услуги
со фирма без спроведена јавна набавка, со што според обвинителката го оштетил буџетот. Освен Зеќири, осомничени во случајот се двајца хрватски државјани. Тие се недостапни за органите на прогонот и за нив е распишана локална и меѓународна потерница.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Ф.Ф.С

Поврзани новости