391
Одлучувајќи по барањето на Полициската станица (ПС) во Прилеп за поведување прекршочна постапка против Жарко Стеваноски, Основниот суд во Прилеп донесе пресуда со која адвокатот Стеваноски е ослободен од одговорност, објави порталот Публикум.
Судот поведе прекршочна постапка против Стеваноски затоа што пред зградата на Општина Прилеп на асфалтот со боја го испишал графитот „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“ со што „ги заслепувал учесниците во сообраќајот и го одвраќал нивното внимание“ во мерка која, според полицијата, можела да биде опасна по безбедноста во сообраќајот, пишува порталот.
Стеваноски вели дека ја очекувал ослободителна пресуда од страна на Основниот суд во Прилеп бидејќи е единствена правилна и законита одлука која може да биде донесена.