581
Кривичниот совет ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство и не им определи притвор ниту на Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, обвинети во предметот „Титаник“.
-Предлогот за определување мерка притвор против Н.Г., М.П.,К.Б., М.Ј. и Г.Ј. се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост – обврска обвинетиот да се јавува кај надлежно службено лице во суд еднаш неделно, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на дипломатска патна исправи, соопшти Кривичниот суд.
Со ова, Судот го одби сите 18 барања за притвор од СЈО.