Истражувањето на ИРЛ за начинот на лекување на ковид пациентите е тема од јавен интерес и новинарите не смеат да бидат замолчени да известуваат, одлучи Граѓанскиот суд Скопје, со што го одби барањето на доктор Жан Митрев за остранување на документарниот филм „Нечиста крв“ и за забрана на натамошно известување на новинарите се додека неговата тужба за клевета и навреда не добие судска разрешница.
Одлуката е образложена на дванаесет страници, а главниот аргумент на судот е дека темата која е обработувана во истражувањето е од јавен интерес.
И Здружението на новинари ја поздрави одлуката на Основниот граѓански суд Скопје .
Ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.
До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари.
ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв“ претставува апсурд и опасност.
За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари и Меѓународната федерација на новинари.