Судот го одби барањето за притвор за извршителката која нападна новинар и полицаец

by Фокус

Судот го одби барањето на Обвинителството за определување мерка притвор за извршителката Весна Јакимовска, која нападна новинар и полицаец.

Судијата на претходна постапка одлучи наместо притвор да се определи само мерката на претпазливост.

Вчера новинарот Фуркан Салиу од порталот ИКС објави дека бил нападнат од извршителката при снимање на сторија во Кичево, а потоа таа нападнала и полициски службеник.

Поврзани новости