Судот ги запре постапките против Заев, адвокатите со жалба до Апелација

by Фокус

Повикувајќи се на одлуката за општо помилување што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, Кривичниот суд во Скопје ги стопираше сите постапки против опозицискиот лидер Зоран Заев.

Неговите адвокати ја потврдија информацијата дека судот донел решение со кое се стопира судењето за случајот „Поткуп“, во кој за мито е обвинет претседателот на СДСМ. Тие најавија и дека денеска ќе поднесат жалба против оваа одлука   до Апелацискиот суд, бидејќи според нив, одлуката била спротивна на Уставот и законите.

Пријавата против Заев беше поднесена пред една година,  додека тој во Универзална сала ја презентираше осмата „бомба“ за изборни измами.

Опозицискиот лидер е осомничен за наводен поткуп од 200.000 евра, средства што требало да ги прими по основа на приватизација на градежно земјиште, со површина од 100.000 квадратни метри.

Судењето за овој предмет беше закажувано неколку пати, но процесот не започна.

Поврзани новости