Протестот пред Собрание: „Стиропорот од Скопје 2014 ќе ви го донесеме во Идризово“

by Фокус

Граѓаните кои се незадоволни од одлуката на Иванов за општа аболиција и бараат одложување на изборите додека не се создадат услови, стигнаа пред Собранието. Таму се обрати уметникот Југослав Петровски, кој рече дека обоен стиропорот од Скопје 2014 е поубав.

-Немој да се жалиш дека сме ти го уништеле вашиот стриропор, верувај ми сега е поубав.  А, на вашите дужегрижници им порачуваме дека кога ќе победиме ќе ви го излупиме Скопје 2014 и ќе ви го донесеме стиропорот во Идризово, рече Петровски.
Демонстрантите ги изнесоа и своите барања, а тие се:
-Уставен суд да се произнесе за уставноста на СЈО
-Формирање на специјален суд на предметите на СЈО
-Одложување на изборите
-Формирање на преодна влада за имплементирање на препораките на Прибе
-Повлекување на општата аболиција и оставка од Иванов
sobraaa
sobraa

Поврзани новости