Судот ги прифати доказите на СЈО во „Тенк“ кои содржат е-маил комуникација меѓу „Дајмлер бенц“ и „Мак аутостар“ 

by fokus

Судечкиот совет го одби приговорот на одбраната на обвинетите во „Тенк“ и прифати СЈО да ги презентира новодобиените докази.

Обвинителот Стевчо Донев рече дека новите докази биле добиени со замолница за меѓународна правна помош, содржи 58 страници на македонски, германски и англиски јазик. Станува збор за е-маил комуникација меѓу Дајмлер бенц и Мак аутостар.

Адвокатите на обвинетите беа против судот да ги прифати новите докази на СЈО, но по инсистирањето на обвинителите дека станува збор за битни докази, судечкиот совет реши да ги прифати и да бидат разгледувани во постапката.

Содржината на новите докази не беше презентирана на денешното рочиште, а расправата продолжи со изведување докази на одбраната.

Во „Тенк“ обвинети се Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, како и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Поврзани новости