Судот денес ќе му пресуди на Ставриќ

by Fokus 15:03
15:03

 

За околку половина час ќе биде позната пресудата која Основниот суд Скопје 1 треба да ја донесе по обвинението поднесено против очниот лекар Дејан Ставриќ. Судот во само едно рочиште успеа да го сослуша обвинетиот и сведокот, да ги разгледа доказите, да ги слушне завршните зборови на обвинетиот и обвинителството и истовремено да ја донесе пресудата. За експресната реакција на судот оправдувањето се гледа во примената на новиот Закон за кривична постапка.

- Advertising -

На очниот лекар му се заканува казна затвор од 3 месеци до три години, поради посредување за добивање на инвалидска пензија, за што, според обвинителниот акт, наводно замал 2.000 евра мито.

Поврзани новости