Една година затвор за Ставриќ

by Fokus 15:08
15:08

Една години затвор за очниот хирург Дејан Ставриќ. Ова е пресудата која предмалку ја донесе Основниот суд Скопје 1, откако за само едно рочиште судскиот совет успеа да ги сослуша обвинетиот и сведоците, да ги разгледа доказите,  и да донесе пресуда.

Додека до неодамна судските саги траеја со години, сега, судиите повикувајќи се и постапувајќи по новиот Закон за кривична постапка, завршуваат експресно, се во еден ден. Па така, за неколку часа, судот одлучи дека Ставриќ е виновен и дека треба да добие затворска казна.

- Advertisements -

До правосилноста на пресудата, се очекува Ставриќ да се брани од слобода, бидејќи судот одлучи да му ја укине мерката притвор. Но, тоа не значи дека Ставриќ веднаш ќе се врати дома, бидејќи во рок од 24 часа, обвинителството има можност да ја обжали оваа одлука, а за 48 часа по неа да одлучува Апелациониот суд.

Очниот лекар беше обвинет дека наводно земал мито од 2.000 евра, за да посредува при добивање на инвалидска пензија.

Поврзани новости