521
Во Собранието стигнало барање од судот за укинување на пратеничкиот имунитет за Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, јавува ТВ 24, повикувајќи се извори од Собранието.
Според информациите на Телевизијата, во Собранието стигнало уште едно барање, но не се открива за кого.
Барањата се адресирани до претседателот на Парламентот, Талат Џафери и ќе ги отвори самиот тој кога ќе се врати од патувањето во Шведска.