Судир меѓу мотор и комбе кај Плетвар, 28-годишно момче загина

by Fokus

На 20.05.2023 околу 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп.

Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани новости