Судијката Поп-Стефанија сепак ќе одлучува за Гордана Јанкулоска

by fokus

Барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Александра Поп-Стефатија од случајот „Тврдина”, Апелацијата го одби како неосновано.

СЈО побара изземање на судијката Поп-Стефанија, додека траеше сослушувањето на ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од главните осомничени за нелегалното уништување на опремата за прислушување.

- Advertisements -

Специјалното обвинителство бараше изземање на судијката токму во случајот со Јанкулоска, бидејќи поранешната министерка се води како вработена во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а вработен во разгранокот на владејачката партија во Неготино е и сопругот на Поп-Стефанија.

Освен тоа, барањето следуваше откако судијката ги отфрли барањата на СЈО за притвор и за мерки на претпазливост за Горан Грујовски, Гордана Јанкулоска и за другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на Специјалното обвинителство за случајот „Тврдина“.

 

Поврзани новости