ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата е одговор на кризата создадена од СДСМ

by fokus

-Еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори. Оваа еврообврзница е внесување на свеж капитал во земјата, кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата во услови на криза која СДСМ сака да ја продлабочи. Како што може да се заблежи во објавата на „Службен весник“, станува збор за финансирање на две буџетски години“- велат од ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи го рекордното задолжување на Владата од 650 милиони евра.

– Очигледно, СДСМ се води од максимата „колку полошо за државата, толку подобро за нив“. Македонија нема да дозволи деструкцијата на СДСМ да застане на патот на нормалното функционирање на економијата, стопанскиот развој и на напредокот – се додава во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости