Судијката од Врховниот суд во Атина си остана на зборот, почна рочиштето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

by fokus

По неколку одложувања утринава во Врховниот суд во Атина почна рочиштето за жалбата на поранешните началници од УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, во врска со одлуката на солунскиот суд за нивна екстрадиција. Рочиштето почна во 9.30 часот по локално време.

Според дописникот на МИА од Атина, во судницата се присутни Грујевски и Бошковски заедно со нивниот адвокатски тим.

Претходното рочиште се одложи затоа што еден од адвокатите што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше отсутен поради болест. Судијката претседавач со шесточлениот Совет на судии и обвинителот тогаш потенцираше дека ова ќе биде последно одложување.

Поврзани новости