874
Нема да бегам и доколку Апелација ми ја потврди затворската казна ќе ја одлежам во целост. Ова денеска во судница го кажа обвинетиот Александар Василевски Нинџа, реплицирајќи на барањето на обвинителството да му биде одредена мерка притвор.
Тој за „27 април“ беше осуден на 8 години, а неговиот другар Никола Митевски Кољо беше осуден на 15 години затвор. Од обраќањето на Кољо се сфати дека тој не е задоволен што добил казна од 15 години, а Нинџа, иако не го именуваше добил 8 години затвор. Кољо рече и дека претходно посочил дека нема да се жали на пресудата, бидејќи верувал во судијката Добрила Кацарска, но сега се предомисли.
– Не барам да ми се укине притворот бидејќи сам се пријавив и двата пати. За едно исто кривично дело, за еден шамар и скршена врата добив 12 месеци притвор, а други се амнестирани. Реков и дека нема да се жалам на пресудата бидејќи верувам во вас, но за исто кривично дело некој да добие 15 години, а некој под законскиот минимум, зошто на обвинителството му одговараше што зборува, е на тоа ќе се жалам, рече Кољо, а јавноста препозна дека алудира на неговиот другар Нинџа.