Стојанов: Од 82 брисеви кај деца во изминатите 10 дена, три биле позитивни на МРСА

by fokus

Од 82 брисеви земени од деца при рутински преглед од Центарот за јавно здравје во текот на изминатите десет дена, три се покажале позитивни на бактеријата МРСА.

-Од 4 март до вчера поради појава на бактеријата МРСА кај некои деца во рутински преглед земени се брисеви од нос. Земавме околу 130 бриса. Кај 82 беа завршени, а 48 се во тек. Од тие 82, позитивни на бактеријата „МРСА“ се три, изјави д-р Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје денеска пред Министерството за здравство.

Посочи дека дека состојбата е тековна и оти ова е сосема нормална ситуација.

– Во ниту една стручна литература не се опишува бактеријата како смртоносна, таа е резистентна на одредени вообичаени антибиотици, но тоа не значи дека нема антибиотици што делуваат, изјави Стојанов.

Додаде дека нема никакво епидемиолошко медицинско оправдување родителите да се загрижени и оти нема потреба да одат пред училиштата и да бараат од цело училиште да се земат брисови или да се дезинфицира, затоа што, како што посочи Стојанов, оваа бактерија се пренесува со директен контакт од кожа на кожа, а не преку предмети или воздух. 

Поврзани новости