Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански скали”

by Fokus

Согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на Основниот кривичен суд Скопје, како и во Одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите, информираа денеска од Кривичен суд.

– Судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за организиран криминал и корупција, со што ќе ја презема римската ознака, односно предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање, соопштуваат од Кривичен суд и додаваат дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението е и предметот познат како „Шпански скали“ за кој расправата е насрочена за 20 октомври. Исто така, судијката Јанчулева Михаиловска, ќе го води судењето за предметот „Еразмус“ за кој расправата е насрочена за 2 ноември.

Поврзани новости