Арсовска: Сонце го огреа Скопје!

by Fokus

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска повторно ги повика граѓаните да ја поддржат и во вториот круг, за како што рече, промените кои треба да се случат во македонската метропола.

„Скопје го огреа сонце денеска, скопјани донесоа победа во Скопје за водство во првиот круг. Ги повикувам граѓаните повторно да ме поддржат и во втор круг. Верувам дека покажавме дека на скопјани им се неопходни позитивни промени. Јас немам намера да се бавам со политика. Сите кои ме поддржаа со скопјани и јас ќе бидат градоначалник на сите нив. Ќе ги застапувам сите подеднакво за овој град“, истакна Арсовска.

Поврзани новости