637
Адвокатот на Бојан Јовановски, првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз“, Сашо Дуковски, смета дека денешните судски пресуди се, како што вели, несреќен компромис меѓу политика и личен аномозитет на судијата кон мојот клиент.
-Не влегувам воопшто во драконската казна, затоа што сметам дека нема извршено кривично дело во случајов. Се гледа дека судот употребил некаков труд во препишување и учење на коментари за кривичното дело. Доказ на главен претрес нема. Стана опасна мода за секое дело од стопанскиот криминал, да биде гонет сторителот и за перење пари – рече Дуковски пред Кривичниот суд.
Според него, останатите обвинети требале да бидат ослободени исто како што е ослободена поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски.