Судијката Гошева со предлог: Уставен суд да изрече времена мерка – сопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот

by Fokus

Судијката Елена Гошева излезе со свој предлог, а тоа е – Уставниот суд да изрече времена мерка – стопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот, дознава „Макфакс“ од извори во судот.

Имено, Гошева е судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум. Таа во изготвениот реферат предлага Судот да поведе постапка.

Седницата на која ќе се разгледува оваа иницијатива е закажана за в среда.

До судот се стигнати две иницијативи, едната од Левица, а другата од Светски македонски конгрес.

Извор и фото – Макфакс

Поврзани новости