Судијата Наке Георгиев не бил уапсен во Врховен, но претрес е направен и во неговата канцеларија

by fokus

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев, кој денеска беше уапсен за примање мито, не бил приведен на работното место во Врховниот суд. Сепак, како што дознава ,,Фокус”, полицајци влегле и во неговата канцеларија во Врховен, каде што е извршен претрес.

Судијата, како што веќе објавивме, има имунитет на кој може да се повика уште во полициска станица, но и доколку биде изведен пред судија на претходна постапка.

За непречено водење на кривичната постапка, но и за да му се одреди притвор, доколку тоа го бара обвинител, имунитетот може да му го одземе само Судскиот совет, кој би требало да зесадава набрзо, доколку тоа го побара Кривичниот суд или Обвинителството.

Од МВР предмалку објавија за кое дело е осомничен судијат, кој неофицијално бил уапсен за мито од 10.000 евра.

– Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело `Примање награда за против законито влијание`.
Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

В.В.

Поврзани новости