502
Судијата Душан Јосифов кој го води првиот „шамарите во општина Центар“, првиот предмет на сега згаснатото Специјално јавно обвинителство кој влезе во судска процедура, од Одделот за организиран криминал е префрлен во Одделот за кривично полнолетни во Кривичниот суд.
Но од Судот брифираат дека и Јосифов, иако ќе суди во овој Оддел сепак ќе го доврши судењето за „шамарите од општина Центар“ исто како и судијката Џанета Бегтовиќ која го води случајот „Таргет-тврдина“, а на нејзино барање беше префлена во истиот оддел, како и Јосифов. Судијката остана да го води случајот за масовното прислушување, а до завршувањето на „Шамарите во Центар“ треба да остане и Јосифов.
Судењето кое почна пред три години, сега е во доказна постапка.
Ф.Ф.С.