Судијата Иван Џолев го тужи претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски

by fokus

Судијата Иван Џолев најави кривична пријава против Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд поради кривично дело „поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија“.

Судијата Џолев во писмена изјава до медиумите, вели дека поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го открие идентитетот на судијата против кого ја поднесува кривичната пријава. Наведува само дека пријавата е против судија на Кривичниот суд-Основен суд Скопје 1. „Фокус“ дознава дека станува збор за претседателот на судот Владимир Панчевски.

„Денес настапувам како граѓанин, индивидуа, како судија на Кривичниот суд кој се залага за владеење на правото и правната држава, а во смисла на чл.103 од Судскиот деловник. Верувам дека Јавното Обвинителство сериозно ќе ја разгледа кривичната пријава и во најбрз можен рок ке преземе процесни дејствија во врска со пријавата. Верувам и во судството и во Кривичниот суд, во моите колеги и верувам дека овој преседан односно исклучок само ќе потврди дека судиите во овој суд судат согласно законите и се залагаат за владеење на правото“, вели судијата Џолев во својата писмена изјава.

 

 

 

Поврзани новости