400
Истите судии кои го спасија бизнисменот Сеад Кочан од притвор, кој од СЈО е обвинет во случајот „Труст“ сега ќе одлучуваат и за притворите на екс шефот на кабинет на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, поранешениот началник на Петта управа, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и судиите Ристо Катавеновски, Рахилка Стојковска, Џемали Саити и Фаик Арслани, како членови на Кривичниот совет, треба да одлучат и за слободата на обвинетите од СЈО.