Наскоро Апелациониот суд ќе треба да пресече дали поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ќе останат во истражниот затвор „Скопје“, или повторно ќе се вратат на слобода, односно ќе им го укинат притворот.
Како што неофицијално дознава „Фокус“, од доброупатени извори, наводно неколкумина судии биле под страшен притисок, односно им се влијаело да гласаат за укинување на притворот. Шпекулациите одат дури дотаму дека пристисокот на второстепените судии им го вршеле нивни колеги, од други судови.
Жалбите на Мијалков и на Камчев најверојатно наредната недела ќе се разгледуваат на јавни седници во Апелација. Прв зад решетки заврши Камчев, како осомничен во случајот „Империја“, а неколку дена подоцна му се придружи и Мијалков, како обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“.
За в понеделник веќе се закажани две јавни седници на кои екс министерот Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски, кога двајцата обвинети ќе се обидат да ги убедат судиите да им го укинат притворот.