Шилегов: Скопјани за празниците ќе го добијат она што го гледаме по разгледници и репортажи

by fokus

Новогодишното украсување на Град Скопје започнува од вечeрва.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.

Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.

-Ни се ближат едни од најубавите празници, Новогодишните и Божикните. Граѓаните на Скопје мора од својот град да добијат нешто што не го добивале досега. Она што го гледаме, по слики по разгледници по репортажи зошто да не го направиме во нашиот град. Не треба да бидеме скептици за некои новини, рече Шилегов во врска Винтерленд.

Поврзани новости