Првото судско рочиште за случајот „Сопот“, откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство се одложи, бидејќи судијката, Дијана Груевска – Илиевска, што го води предметот била на службено патување. Судот, рочиштетот го презакажа за 9 октомври.
Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи изјави дека очекува судењето да почне што побрзо, бидејќи веќе неколку години се одложува, но, не сакаше да открие со какви аргументи ќе настапи СЈО во постапката.
Во судот денеска беа присутни петмина од вкупно 10 обвинети во случајот.
Инаку, „Сопот“ е судски случај во кој селани од кумановското село Сопот беа обвинети за тероризам, односно за поставување мина на пат на која нагази теренско возило на НАТО со полски војници и со наши државјани. Загинаа двајца војници и еден македонски граѓанин. За тоа дело, 11 лица беа осудени на затворски казни. Случајот подоцна беше вратен на повторно судење, кое постојано се одложува.